129
Најдобар фудбалер за годинава што изминува е Норвежанецот Ерлинг Халанд, според Меѓународниот Институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).
Оттаму денеска ги соопштија најдобрите за годината што веќе е при крај.
Зад Халанд кој имаше сезона за паметење со Манчестер Сити и кој освои 209 поени во овој избор, второпласиран е Килијан Мбапе со 105 поени.
Третото место му припадна на Аргентинецот Лионел Меси со 85 поени.
Следуваат Родри, Белингем, Де Брујне, Кејн, Бернардо Силва, Винисиус и Лаутаро Мартинез.
Според ИФФХС место во Топ 10 нема за Кристијано Роналдо, иако Португалецот ја заврши годинава со 53 постигнати погодоци