Хакирана фан страната на Централен регистар на Фејсбук, се сомневаат на Емил Јакимовски

by fokus

Централниот регистар на Република Северна Македонија денеска соопшти дека нивната фан страна на социјалната мрежа Фејсбук е хакирана и замолува содржините кои ќе бидат објавувани од таа страна граѓаните да ги игнорираат, бидејќи како што велат, не се нивен став.

Во своето соопштение посочуваат дека во моментот се работи на нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени.

-Фан страната на Фејсбук е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие, се наведува во соопштение на Централниот регистар.

Овој случај, како што велат, ќе биде пријавен до Секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваат апел истражните органи да го испитаат.

Хакирањето на страницата доаѓа откако вчера новинарката Мери Јордановска објави дека Јакимовски, кој е вработен во Централен регистар и се заканувал и испраќал вулгарни пораки. Потоа и Централниот регистар обелодени дека Јакимовски се заканувал и на вработени и на директорката. За него се водела дисциплинска постапка, но немало одлука оти Јакимовски бил на боледување.

Поврзани новости