613
Фејсбук профилот на македонската фудбалска репрезентација е преземен од кинески хакери. Наместо познатите спортисти, на ѕидот се објавени повеќе слики од азијатки, а на моменти има и вклучувања во живо.
Се слушаат и се гледаат машки ликови кои најчесто говорат на некој од дијалектите на кинескиот јазик. Тие во јавувањата покажуваат накит, некакви вречиќки и пишуваат на картончиња.
Од ФФМ се уште се немаат огласено со објаснување за тоа што се случува со страницата на фудбалската репрезентација, а од МВР најавуваат информација во попладневните часови.