411
Официјалната веб-страница на бугарската влада била цел на хакерски напад, соопшти владината информативна служба. Засега не се познати сторителите на сајбернападот.
„Страницата на Советот на министри на Република Бугарија на интернет „government.bg” е привремено недостапна како резултат на сајбернапад“, се наведува во соопштението.
Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и враќање на пристапот до сајтот.