1.2K
Поранешниот министер за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, на својот фејсбук профил го критикува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поради неговата изјава поврзана со веста за формирањето ново парламентарно мнозинство.
„Благодарение на твојот „контакт” со САД, НАТО и ЕУ, Македонија после 20 години дојде во ситуација во која се наоѓа денес, напиша Хајредини.
Лидерот на ДУИ, кој за првпат се соочува со ситуација да не биде во власта од 2008 година, вчеравечер напиша на Фејсбук дека е во контакт со САД, НАТО и ЕУ и дека во очи новата политичка ситуација по најавата на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство „ќе постапуваат без емоции и еуфорија“.