Хајндл на предавањето на Заев во Виена

by fokus

Јоханес Хајндл, германскиот специјален посредник во македонската политичка криза вечерва го следи предавањето на Зоран Заев, лидерот на СДСМ на тема „Македонија на крстосница“ што се одржува во истакнатиот европски институт, Форум за меѓународен дијалог Бруно Крајски во Виена, Австрија.

Како што претходно објавивме, Заев заедно со заменик претседателката  Радмила Шекеринска учествува на трибина во Виена, на покана на реномираниот австриски инситут Крајски Форум за меѓународен дијалог. По предавањето на Заев вечерва се очекува да говорат и поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент Ханес Свобода, како и Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и почесен претседател на Форумот Бруно Крајски.

14610580_1258359177560605_1312625425_n14628184_1258356814227508_753555841_n

Поврзани новости