Хаг отвора истрага за воени злосторства во Украина

by Fokus

Главниот обвинител Карим Кан во понеделникот соопшти дека истрагата ќе се фокусира на можни злосторства сторени пред руската инвазија, но додаде дека „со оглед на проширувањето на конфликтот последниве денови, мојата намера е оваа истрага да ги опфати сите можни злосторства кои се под надлежност на мојата канцеларија, сторени од било која страна во конфликтот и на било кој дел од територијата на Украина“.

Судот веќе спроведе прелиминарна истрага за злосторства поврзани со насилното задушување на про-европските протести во Киев во 2014 и 2014 година, наводи за злосторства во Крим, кој Русија го присвои во 2014, како и во источна Украина.

Во 2020 година, тогашниот главен обвинител Фату Бенсуда рече дека првичната истрага утврдила индикации за „широк обем на однесување кое претставува воено злосторство и злосторство против човештвото“ во Украина. Но, оттогаш досега не беше отворена целосна истрага.

Кан вели дека сегашната истрага ќе ја опфати и претходната и ќе се прошири на можните злосторства сторени од почетокот на руската инвазија.

Поврзани новости