Хаг бара Црна Гора да истражи 15 лица обвинети за воени злосторства

by Fokus

Хашкото обвинителство до Специјалното државно обвинителство на Црна Гора ги достави досиејата за случаите на воени злосторства за гонење на 15 лица, пишува „Дан“.

Истрагата е тајна, а како што беше објавено од Хаг, станува збор за истрага за тешки кривични дела, кои вклучуваат и сексуално насилство, пренесува порталот ЦДМ.

Според Серж Брамерц, обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови на Советот за безбедност на ООН, Обвинителството ќе продолжи да соработува директно со своите партнери во државниот совет со цел да ги поддржи понатамошните истраги и кривичното гонење.

Шефот на Специјалната полициска екипа, Драган Радоњиќ, неодамна во интервју за „Дан“ изјави дека одделот со кој раководи, по наредба на Специјалното државно обвинителство, собрал податоци во десет случаи поврзани со сомневање дека е извршено воено злосторство.

Поврзани новости