Хаџиманов на 5 март се вакцинирал против Ковид-19, а втората доза требало да ја прими утре

by fokus

Познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина како последица на вирисот Ковид-19, јавија српските медиуми.

Она пак што паѓа во очи е што Хаџиманов на 5 март на својот фејсбук профил има објавено дека се вакцинирал против Ковид-19 заедно со неговата сопруга Сенка Велетанлиќ.

„Сенка и јас се боцнавме, после долго чекање. Две пријатни дами не пецнаа неосетно. Вакцината ќе не спаси од куќен затвор“, напишал Хаџиманов на 5 март.

Како што дознаваме втората доза Хаџиманов не ја примил, односно требало со сопругата да ја примаат утре.
Лекарите предупредуваат дека заштитната маска граѓаните треба да ја носат и по вакцинацијата, бидејќи потребен е период од неколку недели за да се создаде целосна заштита.

Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград. Зад себе остави над 5.000 записи од македонски изворни песни.

Поврзани новости