Конфликтот во Газа е заглавен во неупехот да се изнајде решение за спорот или разидувањето околу тоа кој треба да управува со територијата и на кој начин. Овој спор кој го тресе светот повеќе од половина век, за жал по се изгледа, засега нема да има мирна разврска, односно дипломатијата нема да може да го реши, анализира за „Фокус“, Методи Хаџи-Јанев, професор по меѓународно право при Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје.
-Од она што го гледаме по изјавите на двете спротивставени страни изгледа како и едните и другите да се решени да одат до крај односно да го решат проблемот со употреба на сила, што е погубно и за човештвото бидејќи крајната цел на двете страни е сѐ или ништо, не „вин – вин“. Вака поставените влогови од двете страни ги прави напорите на третите страни, оние кои би требало да го олеснат и релаксираат спорот, речиси невозможно, вели Хаџи-Jанев.
Како што објаснува, тој спорот доведе и до поделба на светот што е дополнително опасно, бидејќи го дестабилизира целиот систем со кој е воспоставен глобалниот мир, односно води во состојба секој против секого и имплицира апокалиптично сценарио.
–За да биде појасно, разидувањата и поделбите се, не само помеѓу држави и сојузи туку и внатре во државите, а и помеѓу недржавните актери, хуманитарни организации кои биле олеснувачи на процесите кои се заглавени и тоа мошне успешно во минатото.
Благодарение на САД, Израел успеа да се спаси од сеарапско и уште повеќе сеисламско обединување. На тој начин остануваат да висат доста контрадикторности во сојузите кои се градат околу овој спор што дополнително го комплицира поларитетот околу него. Иран кој е заштитник на Шиитите во интер-муслиманскиот конфликт, практично сака да заштити предоминантното сунитско население – Палестинците.
Иран за таа цел ги поддржува Хамас и Хезболах, но и шиитските бунтовници кои им пркосат на сунитската доминација во Јемен која Саудиското кралство сака да ја воспостави – објаснува професорот.
Иран преку Сирија и Јемен, вели Хаџи-Јанев задно со останатите милитантни групи како оние од Ирак, ги користи како прокси сили, односно како „маша“ со којашто се меша во регионот.
–Покрај Сирија и Јемен, кои практично се на страна на Палестинците, а со тоа и на Хамас, ги имате Хезболах-која како организација е најсериозната закана засега за Израел, милитантните групи од регионот, но и сите други индивидуални волци самотници или спијачи кои се сокрија под радарот на безбедносните служби во западната хемисфера по падот на ИСИС.
Од друга страна, САД одлучно застана на страната на Израел, и дипломатската машинерија зад затворени врати мошне вешто и воздржано успеа да го спречи тоа обединување по основ на генералната религија на Персијците и Арапите, заедно со Турците. Воздржано, бидејќи оставија лидерите во овоие светови да пркосат на Западот и да имаат декларативна поддршка кон Палестинците и Хамас за домашна употреба, но во пракса да не го поддржат Иран.
Со тоа постигаат две цели прво, Иран само по себе е инфериорен заради немање на нуклеарно оружје. Второ вродува раздор кој ќе ги распламти конфлимктите на релација Шиити – Сунити – дополнува тој.
Конфликтот во Газа се разгоре повторно на почетокот на октомври кога Хамас изврши ракетен напад над Израел. Тогаш имаше стотици загинати и заложници, за потоа Израел да возврати со жестоки напади , па сега само во Израел има над 9.000 загинати.
Фросина Факова-Серафиновиќ