Хабиб одби 15 милиони евра за реванш со Конор, сака меч со Мејведер

by fokus

Шампионот во УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов ја отфрли понудата од 15 милиони долари за реванш со Конор Мекгрегор, потврди неговиот вујко Алекс.

– Дали Конбор ќе има шанса да се одмазди? Не … Хабиб не се грижи за пари, нема пари што ќе ги прифати, а знам дека тие сакаа реванш и понудија 15 милиони долари, рече Алекс Нурмагомедов.

Хабиб ја одбрани титулата во УФЦ-шампионот пред 10 дена, кога го принуди Мекгрегор да се предаде во Лас Вегас во четвртата рунда, а потоа почна хаос околу октагонот, бидејќи руски борец од Дагестан започна борба со тимот на Конор.

Неколку дена подоцна, Хабиб го предизвика боксерот Флојд Мејведер, а Американецот го прифати предизвикот.

Поврзани новости