Пеп Гвардиола изјави дека нема стопер кој може да го запре Ерлинг Халанд, откако неговиот напаѓач втор натпревар по ред постигна хет-трик.
Во вчерашниот натпревар од 3.коло на Премиер лигата, Манчестер Сити победи со 3:1 на гостувањето кај Вест Хем, а одличниот норвешки напаѓач го постигна седмиот првенствен гол.
Халанд на импресивен начин ја започна својата трета сезона со Манчестер Сити и Премиерлигата. Откако во првата сезона пред навивачите на клубот се претстави со вкупно 52 гола на 53 натпревари, а во следната сезона постигна 38, од нив на 45 одиграни натпревари, па ја освои титулата најдобар стрелец во Премиер лигата во две последователни сезони.
Халанд е немилосрден и на стартот на оваа.
На стартот погоди против Челзи за победа од 2:0, а потоа со три гола го предводеше Сити до победа од 4:1 против Ипсвич. Вчера повторно се инспирираше, а сето тоа го натера тренерот на тимот Пеп Гвардиола да го пофали.
„Ерлинг е незапирлив. Нема стопер кој може да го запре. Ниту со пиштол. Толку е незапирлив. И сите го знаат тоа”, изјави Гвардиола и додаде:
„Оваа сезона ја подобри својата игра во сите сегменти. По тренингот останува дополнителни 20 минути или половина час. Минатата сезона тоа не го направи ниту еднаш. Среќни сме поради хет-трикот, но тој беше вклучен во се, не загуби ниту една топка, не само со топката, туку и дефанзивно и офанзивно“.