Гвардиола се раздели со сопругата Кристина

by Fokus

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола и неговата сопруга Кристина Сера се разделија по 30 години врска, ексклузивно откри „Ел Периодико“.

Според информациите на каталонските медиуми, шпанскиот тренер и неговата сопруга одлучиле да се разведат минатиот декември.

Истиот извор наведува дека тие се разделиле на пријателски и срдечен начин и дека побарале од најблиското семејство и пријателите да не зборуваат за тоа во медиумите.

Дека нивната врска не е нарушена и покрај разводот говори и тоа што на Божиќ, кога врската веќе беше завршена, биле заедно во Барселона во театарот со една од нивните ќерки.

Гвардиола и Кристина Сера беа заедно повеќе од 30 години. Тие ја започнаа својата романтична врска во 1994 година додека Пеп играше за Барселона.

Две децении подоцна (2014) тие решија да ја официјализираат својата врска со граѓанска венчавка која се одржа во Минхен додека трофејниот тренер беше на клупата на Баерн.

Двојката има три деца во нивната 30-годишна врска. Марија (24), Мариус (22) и Валентина (17). Марија Гвардиола е позната манекенка и инфлуенсерка со речиси милион следбеници на Инстаграм.

Поврзани новости