Гвардиола се потешко се справува со критиките: Да, навистина ми се допаѓа што Де Брујне не игра!

by Fokus

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јавно проговори за гласините дека Кевин де Брујне нема голема минутажа бидејќи двајцата се во лоши односи.

Поранешните фудбалери, сега стручни консултанти Џејми Карагер и Гери Невил во емисија изјавија дека лошите резултати на Манчестер Сити се резултат на лошите односи во соблекувалната, а предводник е конфликтот меѓу Гвардиола и Де Брујне.

„Граѓаните“ веќе седум меча се без победа, што е главна тема во Англија, а каталонскиот стручњак се потешко се справува со критиките кои му пристигнуваат.

– Луѓето велат дека имам проблем со Кевин. Дали мислиш дека сакам да играм без него? – рече Гвардиола на оваа тема и саркастично додаде:

– Не, не сакам да игра. Не го сакам играчот со најмногу талент во задната третина на теренот. Не сакам. Имам проблем со него по девет години заедно – рече Гвардиола.

Потоа продолжи да зборува посериозно:

– Очајно го посакувам во најдобра форма. И знам дека тој очајно сака да биде таков. Тој му донесе бројни успеси на клубот. Би сакал да го вратам на врвот на својата моќ, на 26 или 27 години. И тој би сакал да биде таков. Но, тој веќе нема 26 или 27 години. Го мачеа повреди, му треба време да се врати во најдобрата форма. Ќе се обиде во тоа. Чекор по чекор – изјави Гвардиола.

Поврзани новости