Гвардиола: Се е се полошо и полошо, не можам да најдам решение

by Fokus

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е изненаден како неговиот тим испушти победа во градското дерби.

Граѓаните водеа на „Етихад“ до 88. минута, за само две минути примија два гола и останаа без бодови: Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 1:2.

Шпанскиот тренер по мечот делуваше неутешно, а неговите играчи беа вознемирени, особено Матеус Нунес, виновникот за пеналот.

„За жал, оваа година премногу често ни се случуваат вакви работи. Не бевме добри во начинот на кој игравме. Порано се се одвиваше така глатко, сега се мачиме од разни причини. Ова е голем пораз. Вложивме сè и натпреварот беше речиси затворен. Тешко е да се прифати дека на крајот примивме два гола и загубивме. Ова не е вина на еден играч. Ова е дефинитивно тешка сезона за нас“, рече Пеп Гвардиола.

Сегашната статистика е катастрофална. Дури 8 порази во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.

„Немавме толку порази во претходните две сезони заедно. Мора да се браниме подобро. Загубивме премногу натпревари. Тешко е, но мора да продолжиме понатаму и да се обидеме да најдеме решение“, изјави Шпанецот.

Поврзани новости