Гвардиола по новиот пораз на Сити: Се мачиме, решение е само да ги вратам моите играчи, но…

by Fokus

Фудбалерите на Астон Вила со 2-1 (1-0) го прескокнаа Манчестер Сити во поредокот на англискиот шампионат со победата во меѓусебниот дуел со кој беше отворено 17. коло.

Домашните поведоа со 2-0 со головите на Дуран (16) и Роџерс (65), а во самата завршница Фоден (90+3) го ублажи поразот на бранителот на титулата, кој на тој начин го загуби шестиот од последните осум натпревари во Премиер лигата.

Гостинскиот тренер Пеп Гвардиола ја коментираше играта.

„Одигравме многу добро прво полувреме, го испуштивме второто полувреме. Го променивме пресингот бидејќи Џон Стоунс не можеше да продолжи. Честитки за Астон Вила и тоа е тоа. Имаме добри моменти, имавме шанси, повеќе шанси отколку во играта против Јунајтед, но во вториот дел паднавме и нашиот пресинг не беше доволно добар. Малку се мачевме и не успеавме да ги вратиме. На крајот го најдовме голот, но веќе беше доцна. Решението е да ги вратам моите играчи. Имаме само еден централен дефанзивец, тешко е. Ќе се обидеме на следниот натпревар – имаме уште една шанса и не размислуваме подалеку“, рече тој.

 

Поврзани новости