Лео Меси речиси сигурно ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната. Францускиот шампион го суспендираше Аргентинецот на две недели без тренинзи и натпревари поради неговото ненајавено патување во Саудиска Арабија, а подоцна ја намали казната.
Сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, под чие водство Меси стана најдобар во светот, сака да го види во Барселона:
„Ќе направи се за да се врати во Барселона. Меси е најдобар играч на сите времиња. Барселона во последните 10-15 години доживеа „бум“ и тоа немаше да биде возможно без него. Не зборувам за бројките, туку за неговото влијание врз играта. Неговата убавина, неговата ефикасност, сè. Никогаш не би помислил дека ќе заврши како што заврши. Убеден сум дека претседателот Лапорта го сака Лео и откако си замина, рече дека Меси заслужува прошка поради тоа што е важна личност. Лео му помогна на нашиот клуб да стане многу поголем отколку што беше кога пристигна. Кога мажот е толку голем, мора да се збогувате на вистински начин. Замина поради многу тешки финансиски околности, од илјада причини во кои нема да навлегувам. Се надевам дека ќе дојде денот кога ќе седнам на моето место на Камп Ноу и ќе можам да станам и да аплаудирам, да се збогувам со Лео како играч на Барса на начин на кој тој заслужува“ вели Гвардиола.
Меси во Барселона пристигна на 14 години, а за првиот тим дебитираше во 2004 година против Еспањол.
Во дресот на Барса забележа 780 настапи, 672 гола и 291 асистенција.
Тој освои 34 трофеи, од кои десет титули во шпанскиот шампионат и четири титули во Лигата на шампионите.