Шпанскиот фудбалски стратег – Пеп Гвардиола на често поставуваното прашање кој е најдобриот фудбалер во историјата во италијанското шоу „Che Tempo Che Fa“ рече:
„Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Можеби покажувам непочитување кон Пеле и Диего Марадона, но не можам ни да замислам некој каков што е Меси. Да се биде доследен како него е нереално“.
Гвардиола додаде:
„Видов како тоа момче тренира секој ден и игра натпревари на секои три дена, нереално. Кога имаш можност да бидеш толку блиску до него и да го следиш, тогаш сфаќаш каков фудбалер навистина е тој. Меси е единствен. Среќни сме што имаме можност да гледаме и да му се восхитуваме на она што го прави на теренот. Тоа е најголемата убавина на фудбалот што сум ја видел во мојот живот“.
Инаку, Гвардиола му беше тренер на Меси од 2008 до 2012 година во екипата на Барселона. Тие двајцата заедно освоија три титули во Ла Лига, две титули во Лигата на шампионите, а се закитија и со две титули во Купот на Кралот.