Фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал вчера одиграа нерешено (2:2) во дербито од петтото коло на Премиер лигата.
Сити најпрво поведе на „Етихад“, кога Халанд ја затресе мрежата, само Арсенал направи пресврт, а стрелци беа Калафиори и Габриел. Стоунс му донесе бод на Сити во 98. минута.
„Во текот на сезоната може да се каже дека ова е „лоша сезона“. Сепак, сметам дека е неприфатливо кога некој ќе напише „ова е срам, катастрофа“ за една игра. Не, само 90 минути се кога можеби противникот беше подобар“, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола по мечот со Арсенал.
На Сити му се суди во Англија за прекршување на 80 финансиски правила и се соочува со 35 обвиненија за несоработка со Премиер лигата за време на истрагата.
„Имам впечаток дека сите сакаат овој клуб да се затвори. Жал ми е, но ние се уште сме тука и победуваме бидејќи имаме многу повеќе добри денови од нашите ривали“, рече Гвардиола.