619
Актуелниот стратег на Манчестер сити, Пеп Гвардиола би можел да биде нов тренер на италијанскиот шампион Јувентус.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, тој се согласил за четиригодишна соработка со екипата од Торино, која му врачи отказ на Масимилијано Алегри.
Многу имиња беа во игра за да дојдат на местото на Алегри, но најверојатно е дека Гвардиола ќе биде нов шеф на стручен штаб на „Старата дама“.