Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека згрешил со изборот на составот за финалето на Лигата на шампионите во 2021 година. Тогаш „Граѓаните“ загубија од Челси со резултат 0:1. Сити во сабота ќе игра ново финале во ЛШ, овојпат против Интер.
„Беше истиот план за игра. Ако приватно ви ја објаснам причината зошто ја донесов таа одлука во тој момент, може да речете дека е оправдана. Но, тоа е едноставно: „Ако изгубам, грешам; ако победам, во право сум“. Во фудбалот треба да се справиш со тоа. Мораме да прифатиме дека ако сакаме да го преземеме чекорот како голем клуб, тогаш треба да победиме во европските натпреварувања. Мора да ја освоиме Лигата на шампионите. Но, најважно е да се оди далеку секоја година, повторно и повторно. Бевме во финалето пред две години и сега се вративме. Ќе се обидеме да победиме, но главната работа е повторно да се вратиме овде по неколку години“ – вели Гвардиола, пренесува „The Guardian“.
Финалето во Лигата на шампионите 2022/23 помеѓу Манчестер сити и Интер ќе се одигра на 10 јуни во Истанбул.