Првиот ден од теренската вакцинација, без закажан термин, ги преполни вакциналните пунктови. Уште од рано изутрина се создал метеж пред скопските Поликлиники, за што сведочат и фотографии објавени во медиумите.
„Претпоставувам дека граѓаните сакаат да завршат работа порано додека е студено. Незнам дека имало инцидент. Се надевам дека нема да има. Мислам дека е добар систем да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот, пристапот, граѓаните во кој било дел од денот да можат да дојдат и да не бидат вратени и да се вакцинираат. Ќе разговарам со директорите на сите здравствени домови да видиме како да се организира редот. Ние се уште ги користиме ресурсите на Армијата и имаме механизми со кои можеме да направиме таков ред. Ќе видиме денешниот ден како ќе помине па кај треба ќе интервенирани“, потенцира Филипче.