Гужви на граничниот премин „Богородица’, за влез во Грција се чека и до 40 минути

by Fokus

Утрово повторно гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција.  Авто-мото сојузот на Македонија, сооопшти дека задржувањето изнесува околу 40 минути. Пуштени се четири ленти и сите се полни со патнички и товарни возила.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на ГП Богородица“,  информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости