829
Над 200 возила утринава чекаат на граничниот премин „Табановце“ за влез во Србија. Граѓаните кои испратија фотографии до „Фокус“, велат дека веќе подолго време чекаат, а колоните возила се видливи од фотографиите.
Гужвата најверојатно е поради тоа што денеска и утре околу 800 граѓани ќе одат во Врање за вакцинација, во организација на
Српскиот културен информативен центар „Спона“.
Досега илјадници македонски граѓани ја искористија шансата за вакцинација против ковид-19 во соседна Србија, а овој месец ќе започне и ревакцинацијата на оние што таму ја примија првата доза на „Астра Зенека“.