1.1K
Уште утринава на граничниот премин Табановце, кон Србија, од македонска страна е забележена гужва, поради што за излез од државата се чека околу 40 минути.
-Поради зголемен интензитет, чекањето за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, велат од АМСМ.
Македонски граѓани утринава тргнаа кон Србија бидејќи на Белградскиот саем во тек е вакцинација на странски државјани, меѓу кои и Македонци, со вакцина на АстраЗенека. За регистрација овој пат не се барало српско државјанство, туку само српски број за да се закаже термин.