367
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин „Богородица“ има задржување од околу 40 минути за излез од државата, додека на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 45 минути, информираат од АМСМ.
Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.