Гужва на граничниот премин Ќафасан, се чека по 30 минути

by fokus

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Според најавата од градежното претпријатие Илинден – Струга, задутре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути, поради изведување градежни работи со минирање.

Поради поставување канализациска мрежа во село Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости