Големи колони возила на граничниот премин Богородица за влез во Грција има и денес, како и претходните викенди. Најбројни се автомобилите од Македонија, Србија и Романија. Според информациите на АМСМ, за влез во Грција се чека до 45 минути, но туристите кои се пред граничниот премин велат дека се чека и повеќе од час и половина. Колони има и на граничниот премин Табановце за влез во Македонија
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.