Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутераш изјави дека ОН понудиле да го надгледуваат евентуалниот прекин на огнот во Газа, додавајќи дека во текот на неговите седум години на функцијата, никогаш не видел толку многу смрт и уништување како во Газа.
Тој изјави за АП дека е „нереално“ да се мисли дека ОН би можеле да играат улога во Газа во иднина, или да управуваат со територијата или да испраќаат мировници, бидејќи Израел веројатно нема да ја прифати таа улога на ОН.
Сепак, тој рече дека „ОН ќе можат да поддржат каков било прекин на огнот“.
ОН имаат набљудувачка мисија на Блискиот Исток, позната како УНТСО, од 1948 година.
„Се разбира, ќе бидеме подготвени да направиме се што ќе побара меѓународната заедница од нас. Прашање е дали страните во конфликтот ќе го прифатат, а конкретно, дали Израел ќе се согласи“, рече Гутереш, пренесува Танјуг.