Околу 120 милиони работни места во туризмот на глобално ниво се изложени на ризик поради пандемијата со Ковид-19, кажа денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе ДПА.
-Во првите пет месеци од оваа година, меѓународните туристички аранжмани се намалија за повеќе од половина и се изгубија околу 320 милијарди долари од извозот во туризмот, се наведува во изјавата на Гутереш.
-Севкупно, на директен ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот, додаде тој, пренесен од германската агенција.
Со општества во карантин, заземјени авиони и затворени граници во многу делови од светот, Гутереш посочи дека особено се загрозени земјите во развој, вклучуваји ги и оние во Африка.
-Падот на приходите доведе до зголемено ловокрадство и уништување на живеалиштата во заштитените подрачја и околу нив, а затворањето на многу места на светското наследство ги лиши заедниците од витален живот, додаде генералниот секретар на ОН.
Тој, исто така, има негативен ефект врз жените, руралните заедници и домородните народи, рече тој, истакнувајќи ја важноста за обнова на секторот туризам, бидејќи вработува едно од секои 10 лица, додаде ДПА.