478
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека светот „забрзано се движи кон климатска катастрофа“, додавајќи дека лидерите на богатите земји од Г20 мора да направат повеќе во многу области за да им помогнат на посиромашните земји.
Говорејќи пред самитот на лидерите на Г-20, кој утре и задутре се одржува во Рим, Гутереш изјави пред новинарите дека постои „опасно ниво на недоверба“ меѓу големите сили. Тој изрази надеж дека претстојниот дводневен состанок ќе помогне да се надмине тоа.