Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска најави дека ќе го гони „секој вработен во ОН вклучен во акти на терор“, по обвинувањата дека неколку работници на УНРВА, агенцијата на ОН за работа со палестинските бегалци, на некој начин учествувале во нападот на 7 октомври од страна на Хамас на југот на Израел.
Како што се наведува во изјавата на генералниот секретар на ОН, од 12-те вклучени во тој напад, кој резултираше со израелската воена операција во Појасот Газа, на девет од нив им е раскинат договорот, на еден е потврдено дека е мртов, а идентитетот на преостанатите две се уште се утврдуваат.
Во исто време, Гутереш апелираше до владите да продолжат да ја поддржуваат УНРВА, по одлуката на девет земји привремено да го прекинат финансирањето на агенцијата на ОН која им помага на палестинските бегалци.
„Секој вработен во ОН вклучен во акти на терор ќе биде повикан на одговорност, вклучително и кривично гонење“, рече Гутереш, пренесе Танјуг.
Тој рече дека секретаријатот на ОН е подготвен да соработува со „надлежните органи способни да гонат поединци во согласност со нормалните процедури на секретаријатот за таква соработка“, објави Ројтерс.
„Десетици илјади мажи и жени кои работат за УНРВА, многумина во некои од најтешките ситуации за хуманитарните работници, не треба да бидат казнети. Мора да се задоволат потребите на очајното население на кое им служат“, рече Гутереш.
Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија и Финска одлучија во саботата да им се придружат на САД, Австралија и Канада во привременото суспендирање на финансирањето на УНРВА, по обвинувањата на Израел дека 12 вработени во агенцијата на ОН се клучни во помагањето на загрозеното палестинското население кое беше вклучено во прекуграничен напад на Хамас.
„Иако ја разбирам нивната загриженост – и самиот бев ужаснат од обвинувањата – силно апелирам до владите кои ги суспендираа придонесите барем да гарантираат продолжување на операциите на УНРВА“, рече генералниот секретар на ОН.
Во Агенцијата е отворена истрага, чиј предмет биле некои вработени, а по истрагата била прекината соработката со нив, наведува Ројтерс.