Гутереш:„Престанете, судбината на целиот регион виси на конец“

by Fokus

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и милитантната палестинска група Хамас.

Гутереш, говорејќи во Пекинг на форумот „Појас и пат“, го заврши своето обраќање велејќи дека мора да се осврне на она што се случува на Блискиот Исток.

„Повикувам на итен хуманитарен прекин на огнот… за да се олесни човечкото страдање на кое сме сведоци“, рече Гутереш, пренесе Би-Би-Си.

Според него, „судбината на целиот регион виси на конец“.

Поврзани новости