Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги предупреди членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот e заканa на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста.
Гутереш, на првиот состанок на СБ на ОН за пандемијата на коронавирусот, го повика телото да се обедини во борбата против болеста, посочувајќи дека неговото учество ќе биде клучно за ублажување на ефектите од пандемијата врз мирот и безбедноста.
Гутереш додаде дека „знак на единство и одлучност“ на Советот за безбедност на ОН би значело „многу во ова анксиозно време“.
Состанокот на СБ на ОН преку видео-конференциска врска „зад затворени врати“ беше првата средба на тоа тело посветена на пандемијата, по што беше издадено кусо соопштение во кое се дава поддршка за „сите напори на генералниот секретар во врска со потенцијалното влијание на пандемијата на Ковид-19 врз погодените земји со потсетување на потребата од единство и солидарност со нив “