465
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во својата најнова изјава констатира дека досега повеќе од три милиони лица ја напуштиле Украина, бегајќи од воениот конфликт .
„Повеќе од три милиони Украинци беа принудени да ја напуштат својата татковина. На Украинците очајно им треба мир. И луѓето ширум светот го бараат тоа. Русија мора веднаш да ја прекине оваа војна“, напиша Гутереш на Твитер.
Најмногу Украинци, или над 1,8 милиона се заминати за Полска, а останатиот дел во соседните Словачка, Романија и Унгарија, како и во земјите од Западна Европа.