Густата магла го парализира авионскиот сообраќај на „Александар Велики“

by Фокус

Густата магла и лошите временски услови и денеска ги одложија летовите на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Откажани се дури дванаесет летови кои рано утринава требаше да полетаат или слетаат на оваа локација. Најголем дел од летовите се пренасочени кон охридскиот аеродром.

– Патниците кои имаат закажано летови да ја следат официјалната страна на аеродромот каде податоците за летовите постојано се ажурираат или да стапат во контакт со компаниите кои одлучуваат за одложување или откажување на летовите – информираа од ТАВ.

Поврзани новости