Ѓуровски: По наредба на Тито ни го смениле презимето Стојановиќ

by fokus

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Бошко Ѓуровски во интервју за српски „Курир“ изнесе тврдење дека презимето на неговото семејство било присилно променето од Стојановиќ во Ѓуровски.

-Нашето изворно презиме по татко било Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме го носел мојот дедо Никола, кој бил српски војник во Првата светска војна.
Мојот татко е роден во Белград, потоа сите освен мојот чичко, дошле во Македонија на почетокот на Втората светска војна. После војната се случувале чудни работи во Македонија. По наредба на Тито, а неговите соработници во Македонија тоа веднаш го направиле, сите што носеле презиме на -ИЌ, морале да го сменат во -СКИ. Со оглед на тоа што мојот прадедо се викал Ѓуро, презимето било сменето во Ѓуровски. И затоа сум сега Бошко Ѓуровски а не Бошко Стојановиќ, вели некогашниот фудбалер и репрезентативец на Македонија.

Поврзани новости