Ѓуровски: Дојавите за бомби може да потраат

by Fokus

Се работи за организиран пристап и веројатно зад дојавите за поставени бомби стои организирана група, но дали држава или меѓународна организација останува одговорот да го даде истрагата и меѓународните воени безбедносни организации, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет.

„Треба да бидеме трпеливи и да се работи со населението, значително треба да го подготвиме дека ова може да потрае подолго. Не би сакал јас да лицитирам дали зад ова е поединец, организирана група или држава, бидејќи е несериозно ако немаме јасно лоцирано место и поединец кој стои зад лажните дојави на бомби по електронски пат. Не можеме да лицитираме дали е тоа Русија, Кина или некоја од соседните држави. Факт е дека ваквите лажни дојави на бомби доаѓаат веднаш по првите шест месеци од руско-украинската војна и глобалните меѓународни безбедносни проблеми. Вакви случаи со лажни дојави имаше во Црна Гора, во Србија и денеска ние се соочуваме“, рече Ѓуровски кој учествуваше на трибината.

Поврзани новости