604
Поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека истрагата треба да одговори што било пресудно за да се случи автобуската несреќа, особено за причините што предизвикало да има и толку голем број жртви.
„Истражителите треба да посветат најголемо внимание околу точноста на оние индиции кои што укажуваат на присуство на запаливи течности кои што по ниту еден основ не смееле, тоа е горивото во туби, не смееле да се најдат во автобусот и не смееле да се најдат опасни експлозивни материи како што се петардите. Знаете што значи 35 илјади парчиња петарди, тоа е повеќе од 2 – 3 рачни бомби“, истакна Љубомир Ѓурчевски.