Француската полиција вчера се обидуваше да ги растера демонстрантите кои и покрај забраната се собраа на плоштадот Конкорд во Париз, а протестите и немирите по убиството на тинејџер продолжија и во другите градови низ земјата.
Стотици луѓе се собраа на плоштадот Конкорд во француската престолнина и покрај полициската забрана, а немири имаше во Марсеј, Лион, Тулуз, Стразбур, Ремс и Лил.
Демонстрантите и полицијата се судрија во Лил, кога полицијата одговори со солзавец на пиротехничките средства фрлени од демонстрантите со качулки.
33 лица се уапсени во Стразбур по инцидентите што се случиле во центарот на градот, а 36 лица се уапсени во Марсеј, додека двајца полицајци биле полесно повредени кога помали групи демонстранти фрлале со камења кон полицијата.
Полициска станица во Ремс беше запалена и ограбена во текот на ноќта во четвртокот, при што демонстрантите украдоа „национална полициска облека“,