Ѓукановиќ: Време е да се вратиме на власт

by Фокус

Претседателот на Црна Гора и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ, смета дека е време за нови избори.

Ѓукановиќ во Плевља, говорејќи на церемонијата на Младинскиот совет на ДПС, рече дека оваа влада ќе продолжи да ја води Црна Гора преку градење граѓанска држава, подобрување на меѓуетничките и меѓуверските односи и достигнувајќи ги европските вредносни системи.

-Значи, време е Демократската партија на социјалистите повторно да биде на власт во Црна Гора со своите традиционални коалициски партнери – рече Ѓукановиќ.

Двегодишниот период по парламентарните избори тој го нарече „тежок експеримент“ и оцени дека тоа се години на сериозни загуби во економскиот и демократскиот развој на Црна Гора.

-Од избори бегаат само оние кои се убедени дека ќе загубат на нив – рече Ѓукановиќ.

Поврзани новости