Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, рече дека со индигнација отфрла „уште една во низата конструкции кои се обидуваат да направат конечна пресметка“ со Демократската партија на социјалистите (ДПС) и со него.
„Ги повикувам надлежните државни органи да ги преземат сите истражни дејствија и да ја утврдат вистината“, објави Ѓукановиќ на Твитер.
Tој напиша дека му стои на располагање на обвинителството „да го открие овој спин како и многу други за време на“, како што рече, неговиот долг политички живот.
„Вијести“ објави дел од преписката на апликацијата „Скај“ во која уапсениот обезбедувач Петар Лазовиќ му се фалел на шефот на кавачкиот криминален клан, споменувајќи ги тогашниот претседател на државата Ѓукановиќ и неговиот советник Милан Рочен.