397
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека референдумот во Македонија треба да биде аларм за тревога и последно предупредување за оние структури што одлучуваат во ЕУ посериозно да се посветат на проширувањето на Западен Балкан.
-Неизвесноста која доаѓа од ЕУ ги потхранува илузиите на секогаш активните носители на назадната политика во регионот, а кои сонуваат за прекројување на целиот регион – рече Ѓукановиќ во рамки на излагањето во Европскиот парламент.
Според него, неуспехот на референдумот во Македонија нема негативно да се одрази во дијалогот меѓу Косово и Србија.