363
Претседателот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, денеска е предложен за претседателски кандидат на партијата и на претстојните избори, објави партијата на својот Твитер профил.
Подгорички „Вијести“ јави дека тоа било одлука од денешната седница на Претседателството на ДПС, а во тек е седницата на Главниот одбор на партија.
Претседателските избори се закажани за 19 март, а до 26 февруари треба сите кандидатури да се достават до Државната изборна комисија.
ДИК досега ги потврди кандидатурите на еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, и на пратеничката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ-Станковиќ.