Ѓубрето ги собира скопските градоначалници, Општина Центар сама ќе собира смет

by Фокус

Состојбата со хигиената во главниот град Скопје е единствена точка на дневниот ред на утрешниот состанок на градоначалниците од Скопскиот плански регион. Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена.

Како што се најавува, по состанокот, кој ќе се одржи во просториите на Општина Аеродром, градоначалниците ќе излезат со свој став за настанатата состојба.

Општина Центар најави дека од утре сама ќе го собира ѓубрето од контејнерите, но и околу нив, откако градското претпријатие „Комунална хигиена“ втор ден не го чисти Скопје, соопшти Општината.

 

Поврзани новости