ГТЦ има приватни трафостаници, ЕВН не е надлежна за евентуалните кражби

by fokus

Во моментов во тек е полициска акција во магацините на Градскиот трговски центар. Според првичните информации, станува збор за кражба на струја за копање криптовалути.

„Фокус“ праша во ЕВН дали имаат регистрирано зголемена потрошувачка, но од компанијата објаснија дека ГТЦ има приватни трафостаници.

ГТЦ поседува свои приватни трафостаници, а Електродистрибуција врши мерење на потрошувачка на среден напон, односно на 10кВ. Тоа значи дека во случајов, се работи за внатрешна инсталација за која не е надлежна ЕВН Македонија и сите можни манипулации ќе треба да се утврдат од страна на надлежните државни институции, објаснуваат од ЕВН.

Повеќе информации за целата акција на МВР во ГТЦ се очекуваат во текот на вечерта.

К.С.Б.

Поврзани новости