Европската Унија мора да има заеднички став за визи за руски туристи, истакна Борел

by Fokus

Европската Унија не смее да покаже несогласување во врска со барања на некои членки од Источна Европа да се забранат визи за руски туристи, предупреди високиот претставник  за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој ги повика членките на ЕУ да се договорат по ова прашање.

– Ќе мораме да постигнеме договор и да донесеме политичка одлука, нагласи Борел пред новинарите, по доаѓањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Прага.

Поврзани новости