Трагедија во Илинден – малолетници запалиле цистерна, пријавиле дека изгорело девојче

by Fokus

Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје.

Според информациите малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица во складиштето  на Макпетрол .

Како што дознава А1он до експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала.

Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден  кај железничката  станица,  складиште  на Макпетрол  од страна на малолетни лица   опожарена  е цистерна.  Двете малолетни деца   се кај него дома   и по обавениот разговор  со децата  посочено е дека на  цистерната  најверојатно има  малолетно женско лице  и истото е починато.

 

 

Поврзани новости