Во Република Северна Македонија денеска е отворен Почесен конзулат на Грузија со седиште во Скопје, со кој ќе раководи проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Конзулатот треба да даде нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Тбилиси во 2019 година. На отворањето во присуство на претставници на деловната и академската заедница, МНР и дипломатскиот кор, како и државјани на Грузија кои живеат и работат во Република Северна Маакедонија. свои куси обраќање имаа почесниот конзул Андонов и амбасадорката на Грузија за С Македонија, со седиште во Скопје, Тамара Лилуашвили.
-Идејата е да се продлабочуваат односите во сите сфери од живеењето, прво да се биде сервис, попддршка на грузиските граѓани кои живеат и работат во Македонија, а воедно, ќе биде и можност за воспоставување релации на сите заинтересирани од кој било сектор од општественото живеење, како културата, образованието, деловната сфера итн. Веќе почнавме во изминатите неколку месеци со проекти, особено во доменот на високо образование, каде што веќе се потпишаа и одредени меморандуми за соработка, истакна проф. Андонов.
Според статистиката на Стопанската комора, економската соработка помеѓу двете држави за жал, не е на завидно ниво, вели почесниот конзул, а тоа, според него, се должи на досегашното немање дипломатски односи и релации помеѓу бизнисмените.