Грузија и Чешка заврши со реми – Грузијците пропуштија историска шанса во 95. минута

by Fokus

Чесите по израмнувањето тргнаа во целосна офанзива која можеше скапо да ги чини. Се играше 95 минута, последна од продолжението. Сите играчи на Чешка беа на половина на Грузија која тргна во контра напад 3 на 1 но завршниот удар заврши над пречката.

Грузија и Чешка имаат освоено по 1 бод по два натпревари на ЕП 2024 и за пласман во осминафиналето ќе бркаат победа во последното коло од групната фаза.

Од 18 часот играат Португалија и Турција по што ќе биде комплетирано 2. коло во оваа група.

На 26 јуни Грузија игра со Португалија, Чешка истиот ден ќе се сретне со Турција.

Поврзани новости